Категории

На границата помеѓу хедонизмот и контролата – зошто сакаме да се плашиме?

Режисерите на хорор филмовите постојано се обидуваат да ги поместат границите на стравот и на гледачите да им овозможат нова “возбуда” која ќе им создаде кошмари. Но зошто толку многу сакаме да бидеме исплашени?

Катерина Бантинаки, автор и професор на Универзитетот во Крит, објаснува дека сакаме да се плашиме поради желбата да почувствуваме интензивни чувства кои се на граница помеѓу хедонизмот и контролата.

На почетокот чувство на страв, ужас или гадење делува непријатно, но иако луѓето ги избегнуваат овие чувства во реалниот живот, се чини дека повеќето луѓе чувствуваат задоволство кога размислуваат за болка. Кога луѓето гледаат филмови или читаат литература која има елементи на хорор, клучниот фактор за уживањето лежи во контролата да се застане кога се сака.

4 мотивации за гледање на хорор филмови:

Ужасни сцени – во ова уживаат воглавно луѓе кои немаат развиена емпатија и кои само бараат возбуда и забава, а мажите од оваа група често се идентификуваат со главните негативци;
Возбуда – ова се гледачи кои имаат високо развиена емпатија и бараат нова возбуда. Најчесто се идентификуваат со жртвите и уживаат во напнатоста која ја нуди хоророт;
Објективно гледање – гледачот има развиена емпатија за жртвата, штоп се одразува позитивно врз расположението поради надминувањето на стравот;

Решавање на проблеми – гледачот има развиена емпатија кон жртвата, но се карактеризира негативно, бидејќи гледачот нема чувство на контрола над она што се случува во филмот.