Жена од Унгарија е „виновникот“ кој стои зад овие неверојатни мали креации. Таа на колачи прави неверојатна глазура, цртајќи мали уметнички дела, а леснотијата со која ги црта овие цветни декорации остава без зборови.
Покрај прекрасните цетови кои ги креира, таа создава и глазури со слики од девојчиња, животни, празнични и многу други кои може да ги видите на нејзината фејсбук страна Mézesmanna.