Новите згради во Велика Британија од следната година ќе имаат приклучоци за полнење на електричните автомобили, според новиот закон кој го најавил кабинетот на британскиот премиер.
Како се наведува од кабинетот на премиерот Борис Џонсон, прописите ќе доведат до тоа секоха година во таа држава да се постават до 145.000 дополнителни полначи во периодот до 2030. година, кога ќе заврши продажбата на автомобили на бензин и дизел во Велика Британија.
Стратегија нулта емисија
Барањето ќе се применува на новите домови и на нестамбените згради како и на канцелариите и супермаркетите, како и објектите во фаза на реновирање оставајќи им повеќе од 10 паркинг места.
Забрзаното вложување во инфраструктурата за да се олесни преоѓањето на електрични возила би било еден од елементите во широкиот национален документ – стратегија нулта емисија – која британската влада ја објави минатиот месец.