Категории

На овој начин мажите манипулираат со жените, а тие не се свесни за тоа

Тенка е линијата помеѓу партнерот кој се однесува заштитнички и оној кој е доминантен и презема контрола врз вашиот живот

„Иако жените умеат да бидат посесивни, мажите се по склони да станат насилни ако почувствуваат дека им е загрозен љубовниот живот“ – тврди докторката Луен Бризендин, професорка на клиниката за психологија на универзитетот во Калифорнија.

Проблемот обично почнува со нежни опомени, после некое време се претвора во контрола а партнерот може да стане и насилен.
На овој начин мажот манипулира со вас: На пример, тој може да ги открие вашите болни точки па во моменти на слабост, ќе се претстави како најпрекрасна особа на светот и ќе ве уверува дека сите се против вас, и дека тој со тоа ве штити. Важно му е да ве изолира, па потполно да се потпрете на него. Често ќе ги оцрни и членовите од вашето семејство или пријатели, со цел да ве оддалечи од нив.

Кога ќе сфатите дека тој е всушност негативец, веќе ќе биде доцна. Меѓутоа, постојат неколку суптилни знаци кои предупредуваат дека се работи за ваков вид на личност. Прв и најсомнителен е оној дека тој постојано се интересира за секој ваш чекор, ги прислушнува вашите разговори или ве испитува за телефонските позиви и ве прашува кои броеви сте ги барале.
Сомнително е ако постојано ве посматра како се однесувате во друштво, па често ве обвинува дека кокетирате со секој кој се насмеал на некоја ваша шега. Ако некој се обиде да ви се додворува, ќе каже: „Ти реков“, како да сте вие виновни за тоа. Постојано ве обвинува, дури и кога ќе застанете да разговарате со пријател од детството.

Често е грижлив па збеснува ако вие не сте такви спрема него, и често мислите дека таа негова „страна“ треба да ја занемарите затоа што тоа го прави поради тоа што премногу ве сака.

За што и да се случува во вашиот живот, со каков проблем и да се соочувате тој бара од вас да се обратите само кај него, а ако побарате помош од некој друг тој станува бесен.

Ако одлучите да поминете време со некој друг, ќе ве натера да се чувствувате лошо бидејќи го „игнорирате“. Се однесува како да е сосема нормално потполно да му припаѓате. И што повеќе се трудите да се изборите за сопствениот простор, тој очајнички се обидува да ве зароби.

Емоционалното злоставување се случува на тој начин што тој постојано ви ги набројува вашите маани и заклучува дека вие сте изгубен случај, дека сте неуспешни, недоволно интелигентни за да успеете и неспособни, со тоа ви ја уништува самодовербата.
Постојано ви ги споменува луѓето кои се поуспешни и поубави од вас, а ако се обидете да го напуштите поради тоа, тој ќе ви падне на колена и ќе направи драма која ќе предизвика сожалување кај вас па вие веројатно дека ќе се откажете од тоа.