Категории

На Пониква 50 сантиметри снег

Снежната покривка на Пониква на Осоговските Планини по обилните врнежи од снег ноќеска, достигна 50 сантиметри.

Патниот правец од Кочани до Пониква од синоќа е непрооден за сообраќај, поради големите навеви снег на одделни делници посебно над Шумската куќа. Неколкуте возила кои од изутринава се обидоа да тргнат кон Пониква се откажаа од намерата, бидејќи снегот создава дополнителни неприлики при возењето.

Од Македонија пат, Подружница Кочани најавуваат дека денеска по 12 часот ќе биде упатено едно возило за чистење на снегот од коловозот со што се очекува од попладне и овој патен правец да биде оспособен за сообрќај.

Инаку, на Пониква во неколку сместувачки капацитети зимскиот одмот во идилична зимска атмосфера го минуваат над стотина гости од земјава.

Проодноста на патиштата во Кочанско се проодни, но сообраќајот се одвива во зимски услови. Од утрово Македонија пат – Подружница Кочани го оспособи за сообраќај и патниот правец од Кочани кон општина Зрновци, а редовно се чистат и магистралните и регионални патни правци кон Виница и Македонска Каменица.

Од Центарот за управување со кризи во Кочани информираа дека нема блокирани села во панинскиот дел на осоговијата од снежните врнежи.

Прегледи:
806
Објавено на:
06.01.2017