Категории

На што да внимавате ако имате секс во туѓа куќа

Сексот во викендичка е супер. Надвор сте од стресот и секојдневните случувања. Не мислите на готвење, чистење или на работните обврски. Но што ако престојувате во куќата на вашите дедо и баба, блиски роднини и пријатели за време на одмор или некоја семејна прослава?

Дали престојот таму може да се изедначи со хотелски престој?

Проверете која соба се наоѓа веднаш до вашата спална

Дали е тоа спалната на вашите родители, детската соба или собата на роднините. Ако е тоа така, побарајте друга соба која е изолирана од останатите семејни соби. Така, нема да се чувствувате непријатно со партнерот знаејќи дека околу вашата соба нема други спални и фамилијарни соби. Непријатно е и некултурно да не внимавате на тоа кој може да ве слуша доцна во ноќта.

Проверете дали во собата има воздушна изолација

Звукот патува низ ѕидовите, а вие тоа не сакате да ви се случи. Ако нема изолација во ниту една соба, обидете се да бидете потивки бидејќи ќе се чувствувате навистина посрамено кога следното утро роднините и пријателите ќе ве гледаат чудно и со потсмев.

Проверете дали имате бања во собата

Ако има заедничка бања на спратот, бидете внимателни кога ќе одите натаму и како ќе бидете облечени. Не сакате да ве видат полуголи. Не правете неред во бањата и не се задржувајте во неа.

Оставете ја собата чиста и уредна

Некултурно е да го оставите креветот несреден и собата расфрлана и неуредна. Никој не сака неуредни и некултурни гости, а ако не го почитувате ова правило, верувајте дека нема да бидете пожелни на следната забава или фамилијарно дружење.

Прегледи:
545
Објавено на:
17.09.2018