Категории

На што се должи беспрекорниот изглед на Џенифер Лопез

Да се има фит и беспрекорен изглед во 47-мата година не е лесна работа, а тоа најдобро го знае Џенифер Лопез. Кралицата на подиумот и мегапопуларната музичка ѕвезда откри како успева да го одржи својот младешки изглед.

Диета
Пеачката изјави дека нејзиното мени се состои од 100% органска храна. Вообичаениот ручек за неа се состои од лосос и овошје, а особено обожава брокула, пиперки и тиква. За вечера исто така внесува протеини, но најчесто во облик на пилешко или свинско кое го припрема на порторикански начин.
Нејзините грицки се исто така здрави. Поради својот пренатрупан распоред на ѕвезда таа со себе секогаш носи мали порции овошје или зеленчук за измеѓу оброци. Но Џеј Ло не изостави да ги открие и своите слабости, таа вели дека сепак и покрај се е човек и обожава сладолед со чоколадо и бисквити.

Фитнес
Џенифер има два тренера, едниот во Лос Анџелес а другиот во Њујорк. Поради тоа што често патува таа се обидува да не изостанува од тренинзите. Со редовен тренинг таа успева да го одржи своето тело во одлична форма, вели дека најчесто тренира бокс, крева тегови и прави стомачни и склекови.

Пороци
Ги нема! Џеј Ло се држи строго на страна од алкохолот, цигарите и кофеинот. Ако сепак попушти тогаш посегнува по кафе но без кофеин. Освен што ги избегнува овие три штетни пороци, таа се обидува и да не се исложува себеси премногу на сонце и секогаш на себе става креми со заштитен фактор.

Прегледи:
339
Објавено на:
18.04.2017