Категории

На жените им треба повеќе сон отколку на мажите, затоа што повеќе го користат мозокот

Во просек жените спијат 20 минути повеќе од мажите.

Резултатите од истражувњето во кое учествувале 210 мажи и жени од средна годишна доба, покажуваат дека на жените им е треба повеќе сон отколку на мажите затоа што жените поради недостаток на сон претрпуваат повеќе здравствени проблеми отколку мажите.

„Откривме дека лошото спиење кај жените е силно поврзано со високот ниво на психичка болка и големото чувство на непријателство, депресија и лутина. Од друга страна, тие чувства не биле поврзани со истиот степен на пореметување на сонот кај мажите“, наведуваат истражувачите.

Џим Хорн, водечкиот британски стручњак за истражување на спиењето, вели дека една од главните функции на сонот е овозможување на мозокот да се опорави и поправи.

„Во текот на длабокиот кортекс на сонот, делот од мозокот кој помеѓу другото е одговорен за помнењето, се одвојува од сетилата и на тој начин се опоравува. Колку повеќе го користите мозокот во текот на денот, толку поголемо количество на сон ви е потребно за опоравување“, изјавува тој.

Објаснува дека жените обично работат повеќе задачи и затоа повеќе го користат мозокот од мажите.

„Поради тоа, жените имаат поголема потреба за спиење“ , заклучува.
Тој истакнува дека во просек жените спијат 20 минути повеќе од мажите.