Фестивалот „Burning Man“- спој на музика и уметност којшто се одржува во американската држава Невада оваа година посебно ќе се памети.
Во пустината наврна пороен дожд којшто го претвори теренот во поплави и кал и зароби околу 70 000 посетители.
Ова е огромно изненадување бидејќи дождот што наврнал за 24 часа обично би врнел во период од околу 2-3 месеци.
Мал дел од посетителите успеале навреме да излезат додека другите останале заглавени во калта додека теренот не се исуши.