Категории

Нагло се здебеливте? Ова треба да го знаете!

Нагло здебелување е ненадејна појава на несакано зголемување на телесната тежина, што може да биде последица на различни здравствени состојби.


Причината за ненадејната дебелина понекогаш може лесно да се открие, што значи дека може успешно да се контролира. Нагло здебелување често се должи на прекумерно внесување на нездрава храна или течности, како и намалување на физичката активност. Често е резултат на задржување на течности, запек или бременост. Во таквите ситуации нагло здебелување е сосема логично, а може да се појави периодично (на пример за време на менструалниот циклус кај жените), а може да потрае некое време (на пример за време на бременоста).