Германскиот уметник, фотограф Елдагсен победи на натпреварот за најдобра фотографија.
Тој ја одбива наградата бидејќи признава дека фотографијата не е негова и оригинална, тоа е дело на вештачката интелигенција.
Елдагсен вели дека тој само сакал да направи експеримент, тој верува дека сликите генерирани од вештачка интелигенција треба да се натпреваруваат во посебен оддел.
Кога ги видел правилата дека во композицијата се дозволени користење на буквално секакви уреди, тој си помислил дека ова е вистинскиот момент да експериментира бидејќи отсекогаш го интересирале можностите на вештачката интелигенција во уметноста.