Категории

Најбрзи и наједноставни начини да ослабете

Ако сте одлучиле да изгубите на тежина или веќе одамна се обидувате, морате да сфатите дека тоа нема воопшто да биде лесно но немојте да се обесхрабрувате затоа што кој сака, пронаоѓа начин.

-Користете скали а не лифт

-Немојте да ги барате најблиските паркинг места

-Запишувајте што јадите во текот на денот

-Избегнувајте го делот на високо преработена храна во маркетите

-Гответе наместо да се храните надвор

-Внимавајте со внесување на леб, смалете го на минимум

-Престанете да пиете газирани и засладени напитоци, пијте само вода

-Избегнувајте маслени додатоци и преливи за салата

-Имајте 5 мали оброци наместо 3 големи

-Немојте да го прекокнувате појадокот

-Движете се во текот на денот

-Пронајдете пријател за вежбање кој ќе ви биде поддршка

-Танцувајте

-Информирајте се подобро за здравјето, вежбањето и важноста на здравата исхрана

-Немојте да се откажувате

-Пијте кафе после оброкот

-Спијте добро

-Избегнувајте брза храна

-Купете велосипед или ролери

-Направете попис на нештата поради кои сакате да ослабете

-Спортската облека е важна. Набавете спортска облека во која ќе се чувствувате пријатно, таа може да ви биде мотив за вежбање

-Нездравата храна и напитоци заменете ги со здрави опции

-Ако ви се појави ненадеен глад, напијте се чаша вода

Прегледи:
486
Објавено на:
21.07.2020