Дејвид Гарет е германски виолинист кој го обожува целиот свет.
Еден од најголемите музички генијалци на денешнината е Дејвид Гарет, германски виолинист кој на фантастичен начин ги спојува поп – рокот, класичната музика и изгледот на бунтовник од маало.
Тој на пет годишна возраст победил на германското натпреварување на млади музичари, на 12 години веќе имал музички договор,а бил исфрлен од музичката академија во Лондон поради тоа што бегал од часови и провалувал во Академијата за да вежба ноќе, сам.
Првата Страдивари добил на 11 години кога свирел за германскиот претседател Рихард вон Веисакер.
Претставникот на Унеско и актерот (главна улога во филмот „Виолинистот на Ѓаволот“ е еден од најбрзите виолинисти на светот, рекордот го урнал во 2008 година, свирејќи го „Бумбаровиот лет“ на Николај Римски – Корсаков.
https://www.youtube.com/watch?v=Kh6uRYNARa4
https://www.youtube.com/watch?v=81ho-Qx1QUQ
Извор : makedonijadenes.com.mk