Категории

Најчести грешки кои ги прават паровите кои се во долга врска

Не се само големите престапи како неверството и лагите тие кои можат да ја разнишаат љубовната врска. Настапуваат бројни грешки потполно безизлесно се додека не доведат до прекин на врската. Како да ги избегнете овие грешки и да имате здрава врска..

Иако љубовта е присутна, понекогаш се случува да недостасува романтика. Една или двете страни почнуваат да го сфаќаат присуството на другиот „здраво-за-готово“. Не се само големите престапи како неверството и лагите тие кои можат да ја разнишаат љубовната врска. Настапуваат бројни грешки потполно безизлесно се додека не доведат до прекин на врската. Како да ги избегнете овие грешки и да имате здрава врска..

Повеќе не правите ништо за вашиот партнер да се чувствува посебно
Иако вашите средби со саканата личност не се посебни како вашиот прв состанок тоа не значи дека не треба да правите нешто што ќе го натера вашиот партнер да се чувствува посебно. Сето оан на кое сте го навикнале на почетокот на врската, може и понатаму да биде ваше тајно оружје, ибло да се работи за облекување, начин на кој го заведувате или нешто што ви е својствено само на вам.

Ја занемарувате вашата романтична страна
Секојдневните животни обврски лесно превземаат контрола врз вашата врска. Работата со која се занимавате и другите активности, прават да ја занемарувате романтиката во врската. И покрај другите нешта, морате да одвоите време само за вас двајцата. Било да е тоа вечерен термин, утрински или оној за викенд, важно е да е само ваш. Комплиментите, мали знаци на внимание, прегратките, бакнежите на разделбата – сето тоа се ситници кои всушност ја одржуваат врската во живот.

Дозволувате парите да влијаат врз динамиката на вашата врска
Можеби немате ист материјален статус иможеби не ги гледате парите на ист начин, но не треба да дозволите тие да влијаат врз динамиката на вашиот живот. Стручњаците советуваат дека парите треба да бидат само сретство кое ви овозможува да ги остварите своите цели, а не причина за незадоволство, расправии и тензија.

Не го вреднувате мислењето на партнерот
Здравата и јасна комуникација е клучна за стабилната врска. Не поседуваат сите исто ниво, нити стил на комуникациски вештини. Голем број парови и покрај напорниот труд и понатаму се борат со држење на отворен дијалог. Монолозите се чести и тоа оние кои ги држат жените. Со самото тоа, потрудете се да го вреднувате мислењето на партнерот. Можеби тој не знае да се изрази толку добро како вам, но сигурно можете да пронајдете смисла во она кое го споделува со вас.

Ги проверувате неговите пораки
Грешката на која  е тешко да се одолее и која е се почеста отколку што мислите. Проверувањето на неговите пораки и емаил-ови е класичен вид на пореметена приватност, како и на нарушување на довербата која ви е дадена. Стручњаците за односи тврдат дека, ако доволно долго барате нешто, на крајот сигурно ќе пронајдете нешто доволно сомнително.

Се обидувате да направите од него нешто што не е
Женската желба за менување и обликување на личноста со која е стара колку и човечкиот род. Колку поголем предизвик ќе си постави жената пред себе во вид на преобликување на карактерот или физичкиот изглед на партнерот, толку повеќе ќе биде посветена на таа задача. Оваа фатална грешка е причина за бројни раскинувања, затоа што доведува до тоа мажот да се чувствува недоволно добар.

Прегледи:
837
Објавено на:
15.09.2020