Категории

Најчести изговори на мажите за прекин на врската

Кога станува збор за раскинување, мажите во основа се обидуваат да избегнат директни разговори од само на нив познати причини и најчесто не сакаат да ја откријат причината зошто повеќе не сакаат да бидат со својата партнерка.

Бираат изговори бидејќи не сакаат да не “повредат“, но и да избегнат потенцијална драма.

Неодамнешното истражување  кое вклучувало слободни мажи над 35 години, кои позади себе имаат повеќе од пет љубовни врски открива кои се нивните најчести изговори за прекин на врската, а кои немаат никаква врска со вистината.

1. Не сум подготвен за врска…неподготвеноста за сериозна врска може да биде оправдување само кога фазата на краткотрајното дружење нема да порасне во нешто сериозно.

Но, ако сте поминале неколку месеци во разменување на интимни моменти, оваа изјава е лага.

Мажите со овој изговор само ја потврдуваат својата несериозност и неподготвеност да се поврзат, а експертите советуваат дека врска со таков човек е губење на време.

Вашиот однос на него најверојатно му бил само за забава, а неподготвеноста за врска 44% од мажите ја користат за себе да си дадат најбезболна опција за раскинување на врската.

2. Заслужуваш подобро од она што можам да ти го понудам…за од врската да излезат со чист образ, мажите понекогаш се подготвени себе да се стават во позиција на жртва, па така како изговор често истакнуваат дека тие на партнерката не можат да и го понудат она што таа го заслужува. Ваков начин за прекин на љубовта бираат 32% од мажите.

3. Проблемот е во мене, ти си совршена…способноста да се “извлечат“ од врската без драма на мажите им оди од рака, особено кога вината ја превземаат на себе.

Секако, тука пред се се работи за создавање на привидно чувство на сигурност во намера својата партнерка да не ја повредат.

Изговорот “ти си супер, но јас не те заслужувам“ е лажен изговор, со чија помош 24% од мажите ја завршуваат врската.

Прегледи:
516
Објавено на:
20.03.2016