Категории

Најчести проблеми со КОСАТА и нивно решение

Секоја од нас има денови кога фризурата и е лоша. Сепак, некои проблеми се многу посериозни од другите. Ние ви ги донесуваме најчестите проблеми со кои една жена се среќава кога е во прашање нејзината коса и како ефикасно и брзо да бидат решени.

1.Оштетена коса од топлина и препарати
Треба да користите препарат кој ќе и даде влажност на вашата коса, особено врвовите кои најбрзо се уништуваат преку топлината.
Користете маски за коса и тоа почесто, природните маски за коса направени во домашни услови се најефикасни. Користете врели масла за врвовите и редовно посетувајте фризер за да ви ги стриже оштетените врвови.

2.Масна коса
Ваквата состоја е последина од претераното лачење на природни масла во скалпот и може да го предизвикаат наследни фактори, лоша исграна, неурамнотеженост на хормоните, стрес и неправилна нега.
Многу е важно да избегнувате препарати кои содржат маслени состојки и силикони, кои додатно ја отежнуваат и мастат косата. Масната коса мора да се мие почесто, и тоа само со млака вода. Шампонот треба да биде со прозирна структура – никако кремаста! И не се препорачува користење на регенератор. Можете да користите и сув шампон а се препорачува и оцет.

3.Првут и лушпи
Лушпите по косата и облеката се резултат на чешањето на скалпот кој предизвикува првут. Понекогаш за тоа причината е сувата кожа или лошата реакција на производите кои ги користите. Обидете се со поблаги производи со природни состојки, но доколку ситуацијата се влошуви (како псоријаза или бактериски инфекции) обавезно посетете лекар.

4.Опаѓање на косата
Жените во просек дневно губат околу стотици влакна, што се смета за нормална појава. Причина за претераното опаѓање на косата најчесто е стресот. Промената со штитната жлезда или хормоните исто така можат да имаат голем удел. Но ако забележите дека вашата коса значително почнала да опаѓа, обавезно посетете лекар.