Категории

Најчести стравови со кои се соочуваме во партнерските односи

Љубовта е комплексна, комплицирана и тешка – таа донесува ччувство на мир и олеснување (потрагата е завршена и повеќе никогаш не морате да бидете сами), но исто така поттикнува плима во вас во сите најмрачни стравови и несигурности, затоа што кога сакате тогаш имате што да изгубите.

Најдобро би било да се соочите со тие стравови и тие да бидат она кое ќе го изгубите. Психолозите издвојуваат некои најчести стравови со кои партнерите од двата пола се соочуваат во врската, значи, сосема е веројатно вашиот партнер да се чувствува како и вие (иако не го покажува тоа, или го исполнува поинаку).

Стравувате дека партнерот ќе ве напушти
Не сакате да го изгубите она кое конечно сте го пронашле. Се ужаснувате од помислата дека би можеле да останете без партнер и тогаш што? Се враќате повторно на почеток, да барате некого..
Стравувате дека партнерот ќе ве остави, затоа што сте сигурни дека вие нема да го оставите него. И не е многу утешно тоа што знаете дека гаранција не постои и дека ништо на овој свет не е сигурно и дека ранливоста е витален дел од љубовта.

Стравувате дека не сте доволно добри во кревет
Овој страв се јавува дури и кога имате фантастичен секс – тогаш се прашувате дали нему тоа му е најдобриот секс до сега, затоа што вие знаете дели е така за вас. Бидете искрени – со секој партнер со кој сте имале одличен секс, сте имале сличен занос и вајб кој допринесувал до тоа. Разликата ја прават деталите – некои ситници кои со некој би биле подобри и кои се подобри со сегашниот партнер. Не морате некому да бидете најдобри за да ве сака најмногу, за да му биде супер и да ве сака искрено.

Стравувате дека ќе ве изневери
Тешко е да се остане верен, но многу парови успеваат во тоа.Ги совладуваат искушенијата и се држат до она на кое се одлучиле. Најважно е дека двата во суштина сте моногамни и дека сте свесни за тоа дека неверството би го уништил вашиот однос, и не сакате да го повредите партнерот. Довербата е најважна а кога еднаш ќе се наруши, тешко е повторно да се воспостави, најмногу затоа што со нарушена доверба се губи почит.Значи, ако сте посветени, тогаш усредоточете се на одржување на довербата.

Стравувате дека ќе престане да ве сака
Кога некој вистински длабоко го сакате, таа љубов не исчезнува. Дури и ако еден ден се разделите, ако бидете повредени онака како што стравувате или како не можете да се предвидите, љубовта ќе остане како топло чувство кое го имате спрема личностите кои ги сакате и ви се блиски.

Животот ќе ви постави непремостливи препреки
Па, никогаш не знаете што ќе се случи. Тоа спаѓа во оној потполен недостаток, животот е полн со препреки, но подобро размислувајте на тоа како полесно да ги пребродите во пар. Живејте во сегашниот миг и уживајте во она кое го имате.

Прегледи:
896
Објавено на:
30.08.2020