Категории

Најчестите причини поради кои мажите ја оставаат жената која ја сакаат

На раскинувањето може да влијаат многу нешта, а освен големите како што е предавството и изневерувањето, често на листата се наоѓаат и обични недоразбирања.

На раскинувањето може да влијаат многу нешта, а освен големите како што е предавството и изневерувањето, често на листата се наоѓаат и обични недоразбирања. Раскинувањето е најчесто најтешкото нешто во една врска, особено ако препреките се покажат како непремостливи, а чусвствата се и понатаму присутни. Добро запрашајте се дали вашите недоразбирања се слични на следните.

Повеќе не се чувствувате привлечно
Секоја врска подразбира смена на фазите. Ако сте се запознале премногу добро и доаѓате до точка на монотонија, може да се случи вие или вашиот партнер да се почувствува непривлечно. Затоа е добро секогаш да работите на интимниот живот, да го негувате и освежувате на разни начини. Потрудете се да ја покажете сета љубов но и страст спрема партнерот.

Премногу сте предвидливи
Иако делува како наивна причина, верувајте дека предвидливоста може ите како да влијае на досадата во врската. Затоа е добро заедно да пробувате нови нешта, и отворено да ги изнесувате предлозите и идеите. Тоа ќе ве наведе да направите нешто кое порано не сте се обиделе.

Осаменост
Осаменоста е поврзана со занемарувањето, а ова е една од најчестите причини за раскинување на врската. Запомнете дека партнерот никогаш не би требал да се чувствува сам, особено кога е со вас. Затоа ако забележите дека не разговара со вас, односно не ви поставува прашања и се повлекува, бидете сигурни дека нешто не е во ред. Покажете му дека може да смета на вас.

Големи промени
Промените можат да бидат разни. Од обострани големи животни промени или нови исксутва, а среде недоволна комуникација, може да се појават недоразбирања кои со тек на време стануваат се поголеми. Затоа разговарајте и слободно отворете се и кажете му како тоа влијае на чувствата кои ги имте.

Занемарување
Понекогаш може да се случи, ненамерно, да го занемарите вашиот партнер. Сепак, ако тоа стане секојдневие, ќе направите вашиот партнер да се чувствува потценет. Обрнете внимание на потребите на вашиот партнер.