Категории

Најдобар избор на закуски за подобра концентрација

Брзата храна, благи, солени и масни закуски, како и енергетските пијалаци, во никој случај не се добар начин да се подигне нивото на енергијата. Имено, на мозокот му е потребна храна богата со растителни влакна, минерали и витамини, како што е Б6, кој ја подобрува меморијата, витамин Е, кој го спречува когнитивниот замор и витамин Д, кој ја подобрува ревитализацијата на мозокот.

Овие закуски се одлични за концентрација:

Сина риба
Туна, сардини и скуша се најздравите видови на риби, бидејќи содржат многу протеини и омега-3 масни киселини, кои се од суштинско значење за доброто функционирање на мозокот.

Јајца
Печени или варени јајца се здрави и добри за мозокот. Јајцето содржи витални хранливи материи: протеини, витамин Б12, а содржи и помалку од 100 калории – во зависност од тоа како го подготвувате.

Зелен зеленчук
Кељ, спанаќ, брокула: зеленчук со темно зелени листови е моќен извор на витамин К, кој ја зголемуваат вашата будност и меморија.

Зелен чај
Конзумирање на кофеин на краток рок може да биде корисен, но внимавајте, премногу кофеин може да влијае на вашиот фокус. Покрај кафето (во умерени количини), изворот на кофеинот е и зелениот чај кој е богат со антиоксиданти.