Категории

Најдобрата и најкратката лекција за стресот: Запомнете ги овие зборови!

И нема врска со тоа дали чашата е полуполна или полупразна

Еден психолог им одржал предавање на своите студенти:

“Секој ден, ние се соочуваме со предизвици и препреки, кои ни помагаат да растеме и кои нè дефинираат. Но, кога стресот ќе се вовлече, може да ги направи работите потполно невозможни. Може дури да нè парализира и да не спречи да ги правиме работите што треба да ги направиме “.

Потоа, тој истури вода од бокал во чаша и ги прашал своите ученици:

“Колку е тешка оваа чаша вода?”

Студентите дале различни одговори:

„Две децилитри“, рекла една студентка, а следеле и одговори: „Три децилитри“, „Пет децилитри“, „300 грама…“

Професорот им одговорил:

“Апсолутната тежина на оваа чаша не е важна. Таа зависи од тоа колку долго ја држам. Ако ја држам една минута, ништо нема да се случи. Ако ја држам еден час, мојата рака ќе почне да ме боли. Ако ја држам цел ден, мојата рака ќе се вкочани и ќе биде парализирана.

Значи, тежината на чашата не е променета, но колку подолго ќе ја држам, толку потешка станува. Стресот и грижите во животот се како оваа чаша вода. Ако кратко време размислувате за нив, тогаш не е проблем. Ако размислувате малку подолго, тогаш почнува да боли. Ако размислувате за нив цел ден, ќе бидете парализирани и не ќе можете да направите ништо друго. Запомнете: Спуштете ја чашата!

Прегледи:
671
Објавено на:
21.03.2020