Категории

Најдобрата состојба во животот не е да се биде заљубен, туку смирен!

Со време сфаќаме дека најдобрата животна одлука не е да за заљубиме, туку да бидеме спокојни.

Дури кога ќе дојдеме до оваа внатрешна рамнотежа во која ништо не е премногу, ние не чувствуваме недостаток на било што, навистина сме исполнети. Секако, љубовта може да дојде, но тоа не е нужно.

Интересно е што за повеќето луѓе главна животна цел е да најдат совршен партнер. Секој ден нашите мобилни телефони се побогати за некоја апликација која помага при пронаоѓање на партнер. Изложени сме на телевизиски емисии во најпопуларните термини кои имаат за задача да го презентираат истото.

Невозможно е да постигнеме мир во надворешниот свет додека не постигнеме мир самите со себе.“ – Далај Лама

Најдобра состојба во животот е кога имате душевен мир

Спокојот не значи апсолутна состојба без емоции. Тоа дури не значи ни одрекување од љубовта и страста која нѐ прави луѓе, која ни дава корења и крилја. Спокојните луѓе не бегаат од емоциите, но ги гледаат од перспектива во која се многу добро ги познаваат границите, каде што умереноста е светилник кој го осветлува нивниот внатрешен мир.

Како да пронајдете внатрешен мир

Антоан де Сент Егзипери рекол дека полето на свеста е ограничено: прифаќа само еден проблем истовремено. Оваа фраза содржи очигледна реалност: луѓето акумулираат бсконечен број на проблеми, цели, потреби и желби во нивниот ум. Интересно е што меѓу нив постојат и оние кои веруваат дека љубовта решава сѐ, дека тоа е повеќенаменска крема која се грижи за сѐ и сѐ става на свое место.

Стратегии за пронаоѓање внатрешна рамнотежа

Без разлика дали веруваме или не, во текот на нашиот живот тој момент секогаш доаѓа. Тој момент кога за да бидеме мирни, си велиме себеси: „Сакам спокој, сакам да го најдам својот внатрешен баланс“. Ова е исклучителен начин да се поттикне нашиот личен раст, а за да го направиме тоа, нема ништо подобро од промовирање промени.

Прво што треба да направите е да научите да ги идентификувате важните односи во сегашноста и да ги одвоите од незадоволувачките. Никој не успева да го постигне саканиот мир, ако создал штетна врска со еден од членовите од семејството, пријателите или колегите.

Вториот чекор е донесување на најважната одлука: престанете да глумите жртва. Од одредени аспекти, сите сме жртви: жртви на токсични врски, жртви на нашата несигурност, опсесија или граници. Мора да бидеме способни да го промениме нашиот став за да собереме храброст да ги преминеме сите бариери.

Кога ќе ги реализираме претходните два чекори, неопходно е да го направиме и третиот, најважниот. Мора да имаме јасна и единствена цел, добро дефинирана: да бидеме среќни.

Мораме да ја храниме среќата, за конечно да можеме да бидеме добри со самите себе, со она што го имаме и со она што сме го постигнале. Ова самозадоволство кое се храни со љубов без сомнеж ќе ни донесе и силен баланс. Луѓето чии срца се во рамнотежа и чиј ум е населен со спокој, не ја гледаат љубовта како нужност или очајна желба. Љубовта не е спас, бидејќи мирот на луѓето не треба да се спаси. Љубовта е драгоцено богатство кое го пронаоѓаме кон патот на сопствената желба и слобода и станува најубава димензија на човекот.

Прегледи:
702
Објавено на:
12.11.2021