Категории

Најдобрите дестинации за патување во септември

Планирате да патувате во септември, но не знаете каде? Овие се најпопуларните дестинации во моментов!


Многумина одат на море во септември, затоа што аранжманите се поевтини и има помалку гужва. Еве неколку дестинации кои ги предлагатаат туристичките агенции за месец Септември.

На прво место е Барселона, објаснувајќи дека септември е идеално време за посета на градот затоа што сé уште е топло, но плажите не се преполни со туристи како во текот на сезоната. Поради многуте цркви, историски атракции, Барселона е идеална дестинација за крајот на летото.

Како второ место се препорачува крстарење по должината на хрватското крајбрежје во септември и посета на Плитвичките езера, како и Националниот парк „Mljet“.

На третото место најдобра туристичка дестинација се најде Минхен, најпрво поради Октоберфест, кој трае од 21 септември до 6 октомври. Секако, има уште нешто да се направи во Минхен – покрај богатиот ноќен живот, на туристите им се препорачува да го посетат „Residenz“, најголемиот германски кралски комплекс, кој сега е изложбена сала.

Дополнително се предлага туристите да го посетат и Мароко, затоа што во септември не е премногу топло како во текот на летото. Можат да се посетат многу планински масиви, стари градски заедници, пустини каде ќе бидете љубезно пречекани од локалните жители.

Главниот град на Бугарија, Софија, е петта најдобра дестинација во септември. Таму има сè што има и во другите европски градови, но по многу пониска цена. На туристите им се советува да го посетат Националниот музеј за историја, храмот Свети Александар Невски, манастирот Рила…

Покрај овие, добрите дестинации за патување во септември се и грчките острови, како и Токио, Сингапур, Франција, Кина, Перу, Сицилија…

Прегледи:
481
Објавено на:
29.08.2019