Категории

Најдобрите секс пози за време на месечниот циклус

Сексот за време на месечниот циклус не е ништо ново и ништо страшно. На некои парови им се допаѓа, додека на други не.

Според сексолозите многу жени уживаат во сексот за време на менструацијата бидејќи во вагината има поголем доток на крв, а воедно и поголема влажност.

Доколку сте од оние кои практикуваат секс за време на овие денови, ви предлагаме неколку пози во кои задоволството ќе биде поголемо, а воедно нема да направите голем неред околу себе.

Секс пеперутка

Легнете на грб на работ од креветот. Партнерот нека застане пред вас и нека ги постави вашите нозе на неговите рамена. Со помош на рацете може да ви го подигнува долниот дел од телото со што би го добил саканиот агол на пенетрација.

Лажичка

Во оваа поза, свртени сте со грб, додека тој пенетрира од зад вас и воедно ги масира вашите гради. Гравитацијата си го прави своето, па освен тоа што ќе уживате во сексот, нема да се чувствувате воопшто непријатно поради крвта.

q2

Сточека кучешка поза

Оваа поза е одлична за под тушот. Ќе останете чисти, а воедно и вашето тело ќе биде потполно опуштено за време на пенетрацијата. Застанете свртени со лицето кон ѕидот и потрпете се на него, така што ќе му овозможите на вашиот партнер лесно да навлезе во вас.

Класична мисионерска

Понекогаш наједноставниот секс, воедно е и најдобриот секс. Оваа поза ќе овозможи задоволство, а и ќе ве ослободи од грчевите во стомакот. Се што треба да направите е под себе да ставите некое пешкирче или крпа, за да не направите неред во креветот.

Прегледи:
905
Објавено на:
01.09.2016