Категории

Најдобрите скрени трикови на Инстаграм – вреди да ги пробате!

Дури и ако имате инсталирано Инстаграм на телефонот, веројатно не ги знаете сите опции. Некои од најдобрите се сокриени, но читајте понатаму за да ги дознаете.

Променете ја јачината на филтрите

Инстаграм се прослави со филтерите кои ја прават фотографијата да изгледа подобро. Она што можеби не го знаете е дека штом ќе селектирате филтер, може да ја промените јачината за да добиете посуптилен ефект. Изберете филтер и потоа кликнете на сликичката. Ќе се појави лизгач, па откако ќе ја регулирате јачината притиснете на Done.

Добивајте известувања од омилените луѓе

Оваа опција функционира за корисници кои веќе ги следите. Првин треба да дојдете на профилот на личноста. Кликнете на трите точки на горниот десен агол и изберете Turn on Post notifications.

Видете го светот

Кликнете на Search and Explore табот за да видете јавни фотографии и видеа од секаде низ светот. Проверете ги саканите локации пред да ги посетите. Само напишете го местото во кутијата за пребарување и истражувајте.Зачувајте фотографии за подоцна

Ова е неодамна додадена опција со која може да снимате слики и видеа и да ги гледате подоцна. Кликнете на иконата Bookmark еднаш или притиснете и задржете на иконата за да го ставите споделеното во посебна колекција. За да ги видете сниманите слики отворете ја апликацијата, изберете Profile, па иконата bookmark.

Користете ја апликацијата за праќање на пораки

Ако кликнете на иконата Send во горниот десен агол на предниот екран, може да пишувате порака на било кој од контактите. Ако сакате да пратите порака на повеќе контакти, Инстаграм поддржува и групни разговори.

Направете ги Вашите приказни поприватни

Неодамна е додадена опцијата Stories. Но пред да ја споделите имате можност да изберете кој може да ја гледа. Тие не се појавуваат на Инстаграм профилот, и можеби не сакате да бидат јавни за сите. Отворете го Вашиот профил, изберете ја страницата за опции и потоа Story settings. Од овде може да ги сокриете од специфични контакти.

извор:факултети.мк

Прегледи:
347
Објавено на:
17.06.2017