Категории

Најдобрите цитати за љубовта кои некогаш биле кажани

Секој кој бил допрен од љубовта, а секој човек барем еднаш во животот бил, има нешто што да каже за неа. Без разлика дали била најголемата љубов на светот, најсреќната или била болна и тажна, сепак тоа е највозвишеното чуство кое може човек да го чувствува. 

„Бакнежот е прекрасен трик дизајниран од природата за да го сопре говорот кога зборовите се излишни.“ – Ингрид Бергман

„Љубовта нема врска со она што очекуваш да добиеш – туку само со она што се очекува да го дадеш, односно сѐ.“ – Кетрин Хепрберн.

„Љубовта е оган. Но, дали ќе го стопли твоето срце или ќе ти ја изгори куќата, никогаш не можеш да знаеш.“ – Џоен Крафорд

„Никој досега не измерил, дури ниту поетите, колку собира срцето.“ – Зелда Фицерланд.

„Љубовта е игра која може да ја играат двајца и двајцата да победат.“ – Ева Габор.

„Жените постојат за да се сакани, не за да бидат разберени.“ – Оскар Вајлд.

„Секој човек кој може да вози безбедно додека бакнува убава девојка едноставно не му го посветува заслуженото внимание на бакнежот.“ – Алберт Ајнштајн.

„Необично е, но дури кога ќе ги видите луѓето колку смешно изгледаат сфаќате колку многу ги сакате.“ – Агата Кристи

„Бракот нема гаранција. Доколку го барате тоа, одете живејте со батерија за автомобил.“ – Ерма Бомбек

„Знаеш дека си заљубен кога не можеш да заспиеш бидејќи реалноста е конечно подобра од твоите соништа.“ – Теодор Гејзел

„Љубовта не познава граници. Прескокнува препреки, скокнува огради, влегува во ѕидови за да стигне на својата дестинација полна со надеж.“ – Маја Анџелоу

„Ако ти живееш 100 години, се надевам дека јас ќе живеам 100 години без еден ден, за никогаш да не живеам без тебе.“ – А.А. Милн

„Кадешто има голема љубов, секогаш има и чуда.“ – Вила Катер

„Мажот е веќе половина заљубен во секоја жена која го слуша што зборува.“ – Брендан Френсис Беан

„Не плачи за некого кој не би плачел за тебе.“ – Лорин Конрад

„Љубовта е триумф на имагинацијата над интелигенцијата.“ – Џорџ Елиот

„Љубовта предизвикува вашата душа да исползи надвор од скривалиштето.“ – Зора Нил Харстон