Категории

Најголем губитник е оној кој прифаќа и толерира сѐ и сешто

Човек го губи дури и сопствениот живот толерирајќи се и сешто, го губи кога вели „да“ и на она што му смета и му оди на нерви, па дури и она за кое е уверен дека е погрешно, но другите му велат дека мора да толерира, па толерира.

Човек го губи и својот живот прифаќајќи секакви луѓе и карактери. Го губи својот живот меѓу луѓето кои не можат да прифатат ништо негово, но тој мора да го прави тоа и да ги прифаќа нив какви што се и се прашува до каде ќе оди таа луда игра во која мора да прифаќа нешто што нема смисла.
Чоек го губи и својот живот правејќи се великодушен и добар а со таа фарса најмногу си штети на себеси затоа што се согласува да живее со сето она кое што не е во ред.

Човек се губи во шумата на разноличноста а потоа на крајот се прашува каде е, што е, кој е неговиот пат. Го бара својот идентитет и автентичност, но веќе е доцна кога ќе се изгуби во масата на нешто што на никому не му се допаѓа ни никој не смее да се спротивстави затоа што ќе испадне дека не прифаќа различности.
Пирова победа е таа во која на крајот останува горчлив вкус во истата иако изгледа како сите да победиле, уствари на крајот сите се губитници.

Велат дека се треба да се прифати и толерира но каде е границата. Дали под зборот „се“ навистина се мисли на секој талог, лага и слично. Би било почитување да се завртиш и да си заминеш тогаш кога ќе видиш дека нештата не одат и не се правиш голем преку толеранцијата па секој нека се носи сам со последиците од својот избор.
Нека видат дека не одобруваш се и сешто, и нема да одобруваш ништо со кое твојот разум и срце не се согласуваат.
Животот кој го имаш е еден и вреден, и подобро да не прифаќаш ништо, отколку да прифаќаш сешто.