Градот во кој се снимени некои филмски класици. Древните, тесни улички и прекрасниот брег од 16 километри сега се борат со новиот противник – туризмот.
Прочида се наоѓа во близина на брегот на Неапол во јужна Италија. Островот е помеѓу Мисено и островот Искја. Со својот мал сателитски остров Вивара, Прочида е град во составот на Метрополската област Неапол, во регионот на Кампанија.
Рај за филмофили
Овој остров се појавува во трилерот номиниран за Оскар во 1999. година, Талентираниот господин Рипли, и во триесетина други филмови, како Клеопатра, во која глумат Елизабет Тејлор и Ричарт Бартон.
Автомобилите не се пожелни
Порчида не е место за автомобили. Тоа веднаш ќе го сфатите, бидејќи сите автомобили имаат собрани ретровизори. Сѐ што досега сте сметале за тесна улица, не е ништо во споредба со улиците во ова градче.
Прочида се наоѓа во најтесниот избор за италијанска престолнина на културата за 2022. година. Како и не би била кога освен со природната убавина во себе носи и долга традиција.