Категории

Најголемата слика на светот од британски уметник беше продадена за 62 милиони долари

Најголемата слика насликана на платно беше изработена од раката на британскиот уметник Саша Џафри кој ја продаде за неверојатни 62 милиони долари на аукција во Дубаи.

Најголемата слика на са светот наречена „Патешествието на човештвото“ е голема колку 2 фудбалски терени, а се состои од 70 различни делови.
Аукционерите истакнаа дека уметничкото дело беше продадено за двојно повисока сума од онаа за која ти е се надевале. Џафри изјави дека парите од продадената слика ќе ги донира во добротворни организации кои им помагаат на сиромашните деца.

Купувачот е Андре Абдун, француски државјанин со живеалиште во Дубаи. Ова дело првобитно било наменето да се продава на делови на различни купувачи, но Абдун решил да го купи цело.

„Пораснав во сиромаштија така што многу добро ги паметам моментите кога немав што да јадам, но барем имав љубов од родителите кои ми овозможија школување и секогаш ми пружаа поддршка. Сликата која ја купив е многу моќна и навистина ми беше жал да земам само еден или два нејзини дела, така што се одлучив за целата“, вели Французинот кој води бизнис со криптовалути. Абдун додал и дека пандемијата дополнително предизвикала проблеми кај децата ширум светот.

„Затоа мораме да реагираме и ако можам да придонесам во барем еден дел од таа сложувалка, јас ќе бидам среќен“, заклучил тој.

Уметникот го заврши ова дело во септември минатата година на кое работел 7 месеци. Се надевам дека ќе може да заработи 30 милиони долари од нејзината продажба кои би ги наменил во образовни и здравствени иницијативи за сиромашните деца.

 

Прегледи:
732
Објавено на:
24.03.2021