Категории

Најголемиот хуманитарец на Балканот гради 100 нови куќи и храни над 300 семејства за Рамазан

Халил Кастрати, најголемиот хуманитарец на Балканот. Досега подарил над 300 станови од кои 17 во Македонија!

Тој на својот фејсбук-профил најави изградба на 100 нови куќи.
– Ве известуваме дека започнува изградбата на 15 нови куќи. Ова се првите 15 куќи на третиот ден од Рамазан, а само овој месец ќе почнеме 100 нови куќи за 100 фамилии што имаат потреба од нив – напиша Кастрати на „Фејсбук“.

Освен куќите, хуманитарецот и организацијата што тој ја раководи, наречена „Балкански сираци“, по повод Рамазан, соопштија дека во нивната кујна секој ден до крајот на светиот месец ќе може да се хранат 310 лица.

Овој хуманитарец е познат по подарувањето домови на фамилии што живеат во тешки економски услови. Пред неколку месеци, по повод Денот на независноста на Албанија, 28 Ноември, подари 28 дома. Тој им помага на луѓе не само од Косово, туку и од земјите од регионот, вклучително и Македонија.