Категории

Најголемиот розов дијамант се продаде за 31,5 милиони

Најголемио светлорозов брусен дијамант во светот се продаде на аукција за рекордни 31,56 милиони долари. Двајца понудувачи се бореа телефонски пред 150 конкуренти на аукцијата во еден луксузен хотел во Женева.

Аукциската куќа “Sotheby’s” соопшти дека најголемиот розов брусен дијамант добил нов сопственик.

“Ова е рекорд за розовиот дијамант, тоа е највисока цена до сега”, рече шефот на одделот за накит на куќата, Дејвид Бенет, наведувајќи дека купувачот е од Азија.

“Sotheby’s” вредноста на дијамантот од 15,38 карати, поставен на прстен, ја процени на сума од 28 и 38 милиони долари, нарекувајќи го исклучителен.

Тој е пронајден пред пет години во рудник во Јужна Африка, а го брусеше продавачот, компанијата “Cora International” од Њујорк. Каменот е наречен “единствен розов” и има сертификат на Американскиот гемолошки институт со што е потврдено дека ја има најпосакуваната нијанса на розова боја и неспоредлива бистрина.

Од сите дијаманти кои годишно ги проценуваат во овој институт, само 3% имаат највисока оцена за боја и помалку од 5% од нив се розови, а дури незнаен број од тие пет проценти имаат и врвна бистрина.

Прегледи:
422
Објавено на:
19.05.2016