Категории

Најголемите грешки кои ги прават заљубените жени

Овие нешта само можат да ја упропастат врската

Очекуваат од партнерот веднаш да ја исполни потребата за љубов
Доколку некое време биле без партнер а силно посакувале врска исполнета со љубов и внимание, најчесто очекуваат да го добијат сето тоа уште на самиот почеток. Големата љубов не се случува преку ноќ, сега и веднаш, за неа е потребно време.

Мислат дека треба да се променат за да бидат сакани
Ова е една од најголемите грешки. Често се случува жените да сакаат да променат нешто кај себеси, во изгледот или навиките за да можат да го задржат партнерот покрај себе. Тоа не е воопшто добро. На тој начин заборавате којсте вие и што ве прави автентични и на прво место го привлекло партнерот кај вас. Никогаш не треба да се менувате за некого, доколку тој смета дека треба да го направите тоа, тогаш дефинитивно не е човек за вас.

Мислат дека треба да останат исти
Овој случај е спротивен на претходниот – Доколку сметате дека не морате да работите на себеси и постојано си ставате „сопки“ на сопствениот пат мислејќи дека на тој начин е побезбедно и сигурно дека вашиот партнер ќе остане покрај вас, се лажете. Секој човек мора да расте и да запознава нови искуства.

Очајно се обидуваат да му удоволат на партнерот
Кога се заљубени, голем број жени се обидуваат постојано да му ја исполнуваат секоја желба на партнерот. Нормално, секој сака да е нечиј извор на среќа но и тоа има своја граница.
Важно е да пронаоѓате време за себе и за своите најблиски, партнерот не е единствениот човек на светот на кого му е потребна вашата љубов и грижа.

Прегледи:
494
Објавено на:
24.02.2020