Категории

Најголемите и најшокантни скандали на Британското кралско семејство

Секое семејство има свои тајни, вклучувајќи го и Британското кралско семејство кое за разлика од останатите семејства, нивните секогаш излегуваатна виделина.

Ви ги откриваме најголемите скандали за кои и ден денес сеуште наголемо се зборува.

 

Кралот Едвард VIII го одби тронот заради љубов
Едвард VIII го превзеде кралскиот трон во 1936 година и подоцна се откажа од него со цел да може да се венча со Валис Симпсон, американка од скромно потекло која била веќе два пати разведена. Англиската црква му забрани да се ожени со разведена жена и тој мораше да абдицира од тронот. Шокантниот кралски скандал ја промени линијата на наследство комплетно, предодредувајќи ја 10 годишната Принцеза Елизабета да стане новата кралица на Англија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На возраст од само 14 гдини, принцот Чарл порача шери бренди во пат во Сторнвеј харбор. Не знаејќи дека до него седел новинар и ја слушнал неговата нарачка. Невиниот принц се одбрани себеси дека тоа било името на првиот пијалак кој му паднал на ум затоа што се сеќавал дека го пиел кога бил болен. Овој инцидент стана кралски скандал  за кој се пишуваше долго.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Кога принцот Хари помина еден ден на рехабилитација
Откако му призна на својот татко, принцот Чарлс, дека пробал марихуана во неколку прилики и конзумирал алкохол притоа без достигнато полнолетство, 17 годишниот принц Хари беше испратен на рехабилитација во клиника со престој од еден ден. Изјавата од кралската палата гласеше дека тоа беше со цел тој да ги научи последиците од употреба на канабисот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Кога принцот Хари беше затекнат гол
Фотографии од принцот Хари каде го покажуваат комплетно гол додека игра стриптиз-билијард во Лаз Вегас протекоа во етерот. 27 годишниот принц беше на одмор пред да замине да и служи на британската војска во Авганистан. Во своја одбрана за скандалозните фотографии тој изјави: „Тоа беше причина поради тоа што се почувствував многу повеќе војник отколку принц, знам дека го разочарав своето семејство и самиот себеси, навистина се почувствував непријатно.“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Кога принцезата Маргарет се заљуби во оженет маж

Принцезата помина долго време со кралскиот воен офицер Капетанот Питер Таунсенд во кого се заљуби, но нејзина несреќа, тој веќе бил женет. Скандалот изби во 1953 година кога Таунсенд се разведе од својата претходна жена и веднаш ја запроси принцезата. Но парот ја раскина својата веридба две години подоцна знаејќи дека никогаш нема да можат да имаат живот од бајките. Овој скандал беше претставен и во серијата снимена во чест на кралското семејство The Crown.

Кога принцезата Ана се заљуби во слуга од палатата.Принцезата Ана, единствената ќерка на кралицата Елизабета II беше омажена за Марк Филипс 20 години пред да се разведат во 1992. После разводот принцезата се вљуби во Тимоти Лоренс кој беше нејзин возач. Таа објави дека ќе се венча со него.

 

Принцот Чарлс беше бил во врска со сестрата на принцезата Диана пред да се венчаат
Лејди Сара Мекгоргидал, која е најстарата сестра на принцезата Диана, е најпозната по тоа што таа е онаа која ја запознала со принцот Чарлс. Сара и принцот биле во врска во 70-тите, а нивната романса брзо завршила откако открила дека никогаш нема да се омажи за човек како него без разлика дали би бил обичен слуга или крал на Англија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Принцезата Диана откри дека се самоповредувала
„Кралицата на срцата“ како што беше нарекувана принцезата Диана, имаше откриено во едно интервју дека се фрлила себеси по скалите додека била четири месеци бремена со принцот Вилијам во обид да го одвлече вниманието на принцот Чарлс кој во тоа време ја имаше обновено својата врска со Камила Паркер Боулс, со кого принцезата и целиот свет знаеше дека принцот има афера.

Кога беа објавени разговорите од аферата на принцезата ДијанаВо 1992 година беа објавени серија снимени телефонски разговори на принцезата од Велс и нејзиниот љубовник Џејмс Гилби додека таа сеуште беше во брак со принцот Чарлс. Во телефонските разговори тој и таа разменуваа нежности и тој неколку пати и искажа љубов.

Прегледи:
417
Објавено на:
31.08.2019