Категории

Најмногу ве сакаат оние кои ве оставаат на мира

Слободата е највредното нешто што постои

За да бидете слободни нешто да направите морате да чувствувате еднаква слобода ако тоа и не го направите. Колку и „ми требаш“ да звучи убаво, личноста на која и „требате“ никогаш нема да ве сака слободно и безусловно.

Сигурно ви се случило да видите личност за која се грижите, да донесува потполно погрешни и непромислени одлуки, но колку и да се обидувате да ја натерате да не го прави тоа, вашиот однос секогаш завршува со расправија.
Кога следен пат ќе се најдете во ситуација да ја уверувате вашата пријателка по којзнае кој пат да не му се враќа на бившиот партнер, наместо расправија, длабоко воздивнете и прифатете ги нештата онакви какви што сте. Кажете и го своето мислење и но не ја убедувајте. На тој начин таа нема да се „брани“ од вашите напади, туку ќе може мирно и реално да ја согледа ситуацијата и сама да донесе одлука за тоа што сте ја посоветувале

Сите сонуваме за безусловна љубов, но ретко кој ја искусува. Дури и кога се работи за родителска љубов, ни и понатаму мораме да бидеме „добри деца“ и да задоволиме одредени критериуми и правила. Какви се тогаш родителите кои не се мешаат во изборот на своите деца а ги сакат? Најдобри на светот! Таквите родители покажале дека во потполност ги прифатиле своите деца и нивните одлуки и без оглед на резултатите, тие ќе бидат покрај нив.

Да се даде право на потполна слобода и избор за мислите и делата е најздравиот и најконструктивен начин на љубов и прифаќање.

Прегледи:
678
Објавено на:
24.11.2019