Категории

Најмодерниот букет е оној од божур: 7 чекори за одгледување на најубавото цвеќе!

Еден од најфотографираните букети на социјалните мрежи кои секојдневно го украсуваат со стил ентериерот, е совршен мирис на летото или таканаречениот божур.

Иако цветањето на божурот е сега, никогаш не е премногу доцна (или прерано) да се подготвите за новата сезона на садење со цел да уживате во ова преубаво цвеќе.

1. Плитко садење

Божурот се сади од средината на септември до март, а тајната е во плиткото садење. Ако се стави во премногу длабоко, нема да процвета. Поставете ги пупките до два сантиметри под површината.

2. Многу сонце и вода

Божурот сака влага, но земјата во која ќе ги садите мора да биде доволно пропустлива. Исто така, најубавите ќе процветаат на сонце, без никакви сенки.

3. Бидете трпеливи

Им треба до три години да пораснат до нивната целосна големина. Откако ќе процветаат во полн сјај, тие ќе ја красат градината до 50 години. Лесно се прилагодуваат на нови услови при пресадување.

4. Пресадување

Божурот е најдобро да се пресади за време на периодот на негов одмор – од октомври до март. Што повнимателно откопајте го околу коренот и едноставно ќе го префрлите на ново место. Исто така може да се поделат со цел да се добие уште повеќе прекрасни цвеќиња. Бидете сигурни дека имате најмалку три здрави пупки на секој одделен дел.

5. Совршен за вазна

Божурот може да стои во вазна до 10 дена. Сепак, со цел растението да има доволно цветови, исто така ви е потребна трпеливост (не очекувајте премногу во првите три години).

6. Мравките се добри за божурот

Не обидувајте се да се ослободите од мравките во кружните цветни пупки, бидејќи тие не им наштетуваат. Има многу од нив кога пупките почнуваат да цветаат затоа што се хранат со нивните слатки сокови. Тие дури и помагаат да се отворат што е можно поскоро. Веднаш штом ќе се отворат цветовите, мравките ќе исчезнат.

7. Ах, тој мирис

Повеќето видови имаат прекрасен, лесен мирис. Некои цветови почнуваат да мирисаат само кога ќе се скинат и ставаат во вазна. И нивниот интензитет може да варира во зависност од времето на денот и температурата.

Прегледи:
2305
Ознаки:
· ·
Објавено на:
20.04.2018