Категории

Најмоќната порака за 8-ми Март

Познатата ТВ презентерката на вести, Татјана Стојановска, по повод денешниот празник на жената 8-ми март, реши на социјалните мрежи да им се обрати на сите припаднички на понежниот пол.

Нејзината осмомартовска честитка изгледа вака:

– Колку и да звучи феминистички жените поради повеќе аргументи се посилниот пол. Жената дава живот, жената двојно работи и во домаќинството и на работното место. Ги менаџира сите околу себе, деца, партнер, родители. Исто така жената е образована, се едуцира постојано и е успешна во професијата. Жената е лекар, адвокат, судија, новинар, професор, политичар, доктор на науки, па и возач на автобус, работник во фабрика, алпинист, параглајдерист, спортист, а пред се мајка, сопруга, домаќинка. А кога треба да се појави некаде од неа се очекува да биде дама, да биде убава, дотерана, негувана и да изгледа свежо. Епа мислам дека ова се доволно аргументи со право да кажеме дека сме посупериорни и дека сето ова го може само ЖЕНА. Среќен 8-ми март!

Прегледи:
4165
Објавено на:
08.03.2018