Категории

Најнова теорија на заговор: Зошто Стивен Сигал носи два рачни часовници и дали во тоа е тајната на неговата непобедливост?

Стивен Сигал има специфичен стил на облекувањето, но еден детаљ особено привлекува внимание – на двете раце носи по еден часовник. Зошто? Постојат најмалку три теории на завера.

Денес, кога секој апарат, од микробранова печка до мобилните апарати, покажува колку е часот, се добива впечаток дека и еден рачен часовник е одвишен, а два се веќе премногу. Според теоретичарите на заговори, речиси е сигурно дека Стивен Сигал не носи два часовници за да го знае точното време. Но зошто тогаш ги носи? Дали можеби во тоа е тајната на непобедливоста на овој актер?

Се раскажуваат различни приказни околу тоа која е причината поради која актерот носи по еден часовник на секоја рака, а овие три предизвикаа најголем број на коментари:

Теорија 1: Стивен Сигал е шпион, затоа носи два часовници!

Постои теорија дека Сигал е всушност контра разузнувач кој работи како официр за врска помеѓу американските тајни служи и земјите од источна Европа, а тоа што го носи на рацете воопшто не се часовници туку вистински супер компјутери. Еден му служи за контакт со штабот во САД, а другиот како детектор и неутрализатор на другите справи за прислушување и шпионирање. Според заговорниците на оваа теорија нејзината вистиност се проценува на 50 отсто.

Теорија 2: Во часовниците е неговата сила и тајната на неговата непобедливост

Втората тероија е помистериозна од првата. Познавачите на ликот и делото на Стивен Сигал велат дека во тие часовници лежи неговата сила и вештина. Имено, еден од часовниците (кои само личат на часовници) го добил од будистички монах од кој учел кунг – фу, а другиот го добил  од јапонскиот мајстор на аикидо, Тесутаке Сугавара, еден од најдобрите ученици на Морихеј Уешибо, основачот на вештината.  Во секој од овие часовници се наоѓа мистичната моќ на бројни генерации на мајсторите на овие вешитини. Тие ја акумулираат енергијата која го штити од ударите. Без тие часовници, Сигал би била само просечен борец, но кога ги носи на рацете навистина е во состојба сам наеднаш да совлада 20 луѓе. Велат дека кога сака да поштеди некој од своите противници тогаш од раката симнува еден од часовниците.

Теорија 3: Има две жени во различни временски зони

Стивен Сигале  богат човек кој постојано патува и на тие патувања често му се случуваат романси. Се зборува дека така и се оженил, два пати, а дека сопругите не знаат една за друга. Токму двете сопруги се причината поради која Сигал носи два рачни часовници.

Прегледи:
331
Објавено на:
26.08.2016