Категории

Најпоучната приказна на светот: Ќе ја прочитате за минута, а ќе ви го смени животот

Некој човек пронашол јајце од орел и го ставил под кокошка на својот селски имот. Заедно со пилињата се излегол и еден орел и пораснал со нив. Целиот свој живот орелот правел исто што го правеле и пилињата, мислејќи дека е еден од нив. Клукаше по земјата барајќи глисти и бубачки.

Кукурикал, замавнувал понекогаш со крилјата и летал неколку метри во воздух. Годините поминуваа и орелот остарел. Еден ден видел над себе, на ведрото небо, величествена птица. Птицата со грациозно достоинство едрела по силните воздушни струи и само неколку пати замавнала со златните крилја. Орелот воодушевен гледал во небото.

„Кој е тоа?“, прашал.

„Тоа е орелот, кралот на птиците“, кажала кокошката која стоела до него. „Тој му припаѓа на небото,а ние и припаѓаме на земјата – ние сме кокошки“.

И така орелот живеел и умрел како кокошка затоа што мислел дека и тој е кокошка.

Прегледи:
442
Објавено на:
26.11.2016