Категории

Најпознатите фрази на нашите мајки

„Имаш ли ти куќа?“, „Памет во главата..“, „Ќе го добиеш твоето кога ќе стигнеме дома!“

Овие фрази на мајките сигурно на сите им се добро познати.
Во детството ни сметале, и често поради нив сме се лутеле или сме се чувствувале засрамено. Но сега кога сме возрасни и имаме свои деца, почнуваме да разбираме дека сепак тоа биле изрази на љубов и грижа на нашите родители.

Тоа се реченици кои сме ги чуле безброј пати, а сега и самите ги повторуваме па јасно е дека едноставно се пренесуваат од колено на колено. Сега ни се симпатични и смешни поради тоа што ние како родители им ги зборуваме на нашите деца.
Дали се сеќавате на овие зборови?

-Кој кого го родил, јас тебе или ти мене?
-Кога ќе пораснеш самиот ќе видиш!
-Облечи ги тие влечки, ќе ти се преладат нозете!
-Облечи се гола ти е половината, ќе ти настинат бубрезите!
-Сто пати сум ти рекла не се лулај на столицата!
-Таму каде што си го оставил, таму и ќе го најдеш!
-Завршив со училиштето пред 20 години ама и ден-денес ја паметам таблицата со множење!
-Јас на твои години…
-Не ме интересираат другите деца, туку ти!
-Затоа што јас така велам, ете затоа!
-Гледај ме додека ти зборувам!
-Гледаш колку е часот?
-Ќе го добиеш твоето кога ќе стигнеме дома!
-Затвори ја вратата, не си роден во чамец!
-Ист како татко му..
-Ќе разбереш кога ќе дојдеш во моите години..
-Еден ден и ти ќе имаш деца па ќе видиш!
-Да не сум те слушнала да кажеш „не сакам!“
-Твоја единствена обврска е да учиш!
-Внимавај како зборуваш со мене!
-Памет во главата!
-Имаш ли ти куќа?
-Додека си под мојот покрив…
-Да се нацрташ пред мене во истата секунда..
-Заработи па троши!

Имате ли вие да додадете нешто?