Категории

Најшокантниот момент од доделувањето на SAG Awards: Блиската средба помеѓу Бред Пит и Џенифер Анистон

Синоќешното доделување на SAG Awards беше исполнето со солзи, смеа и емоции. Сите зборуваат за трогателната средба на Џенифер Анистон и Бред Пит.

Бред Пит (56) привлече најголемо внимание. Имено, тој доби награда за улогата во филмот „Беше еднаш во Холивуд“, а во текот на говорот се пошегува: „Беше тоа тешка улога за човекот кој се соблекува и не завршува со својата жена. Голема жртва, голема.“

За тоа време, Џенифер Анистон беше во публиката, смеејќи се. Но, убедливо највпечатлива беше средбата помеѓу Бред и Џенифер на црвениот тепих и нивното страствено држење за рака. Имено, позади сцената Бред ја фати Џенифер за рака со намера да и честита поради добиената награда. По средбата, Џенифер не можеше да престане да се смее. Сите се сложуваат дека помеѓу поранешните сопружници сѐ уште постои голема страст.

https://www.youtube.com/watch?v=sxCS78tkNl4&feature=emb_title

Прегледи:
497
Објавено на:
20.01.2020