Вкусните и слатки француски колачиња, сега се уште послатки!
Креаторот на овие преслатки макарунси, инспирирани од животните е Melly Eats World. Панди, прасиња, мајмунчиња, мачки се лицата на овие познати колачиња.
Кората на ова колаче е идеална за цртање на него, создавајќи вистински уметнички дела. Користејќи посебна боја и минијатурни четки се создаваат овие преслатки колачиња.
До овие колачиња може да дојдете само доколку сте во Торонто, сега за сега може само да уживаме во нивниот изглед, а повеќе може да погледнете на Instagram.