Вкусната зимска торта е совршена за прослави. Еве како да подготвите сочна и кремаста торта без јајца и млеко.
Состојки за кората:
- 200 гр мелени ореви
- 150 гр мед
- 250 мл сок од портокал
- 200 гр шеќер (кафеав)
- 2 кеси ванилин шеќер
- 300 гр брашно
- 1 чаша какао
- 1 прашок за пециво
- 100 мл масло
Глазура:
- 200 гр посно чоколадо
- 1 лажица масло
Подготовка:
Измешајте ги сите потребни состојки за кората. Во загреаната печка печете ја кората на 180 степени, околу 40 минути. Кога кората ќе се излади поделете ја на три дела.
Фил: Измешајте пире од костени, џем по избор и рум. Потоа додатете мелени ореви.
Редете го филот врз корите, и на крај додадете ја глазурата.
Добар апетит!