Категории

Најубавата работа која ќе ја видите: Има ли нешто послатко од ова бебе и куче?

Секое дете заслужува да ја почувствува љубовта на домашното милениче, а домашните миленичиња секако заслужуваат дури и возрасните и децата да им ја пружат сета љубов на овој свет. На голема среќа, кучето Вилбур има едно бебе во семејството кое го обожува и кое е спремно секогаш да ги послуша неговите проблеми и да си поигра со него.

Запознајте го Вилбур, милото кученце кое своите денови радо ги минува играјќи си со својот мал газда. Овие две другарчиња низ сè поминуваат заедно – кога се среќни – заедно се смеат, кога се уморни – спијат, кога се нерасположени – се тешат еден со друг.

Тие ги делат своите проблеми, а кога таквите сеанси ќе продолжат, често се случува и заедно да одат на спиење.

Понекогаш мајката знае да ги прекине во овие сеанси и тогаш и двајцата ја гледаат тажно. Како само може да им го прекинува овој сериозен разговор?

Дури и кога мајка си игра со својата ќеркичка, Вилбур стои во позадина и чека некој и на него да обрне внимание. За среќа, бебето никогаш не заборава да се врати на својот љубимец.

Нема поголема среќа од онаа кога тие двајца ќе се соединат. Бакнеж за добра ноќ по сеансите, па на спиење!

Фото: Imgur

Прегледи:
500
Објавено на:
07.03.2017