Природата е најголемиот и највештиот уметник на светот, а природната убавина која ги карактеризира и одликува овие места е неверојатна и веднаш ќе посакате да ја погледнете и во живо. Ако понекогаш сте посакале да побегнете од градот и од бучната атмосфера која секогаш го опкружува, тогаш размислете за следниве предлози и дозволете ѝ на магијата да ги обземе вашите сетила.
1. Фарските острови
Сместени помеѓу норвешкото море и северниот Атлантик, Фарските острови се наоѓаат под данска управа, а станува збор за 18 острови кои фасцинираат со својата неверојатна природа. Со текот на времето жителите развиле и свој јазик и култура, а градовите се чисти, шармантни и исполнети со куќи во различни бои кои дополнително ги разубавуваат островите.
2. Лисефјорден, Норвешка
Фјорд е најпознат по Преикестолен – стрмна, рамна карпа со неверојатен поглед. Ова место привлекува илјадници посетители кои постојано доаѓаат во сите годишни времиња и прават импресивни фотографии. Но, доколку се одлучите да го посетите ова место, тогаш треба да внимавате бидејќи не постојат никакви огради кои ги штитат туристите, па секој погрешен чекор може да биде опасен по живот.
3. Азори, Португалија
Овој архипелаг е еден од автономните португалски региони, бидејќи е оддалечен од копното дури 1.360 километри. Вулканските корени на островите формираат необични пејзажи, а овој збир од 9 острови е мамка за туристите поради неговите бројни недопрени и неистражени природни места, како и бројните атракции.
4. Базаруто, Мозамбик
Денес е тешко да се поверува дека постои место како ова – целосно недопрено и обликувано од ветрот и морето. Базаруто со своите крајбрежја на кои доминира чистото кристално море и песочните плажи е добар избор за секој вљубеник на природата. Морето постојано го обликува ова место, одново и одново.
5. Алеутските острови
6. Хаваи
Што да се каже за Хаваи што веќе не е кажано? Овие острови со вулканско потекло нудат чудесни плажи, природни базени, разни пешачки патеки и се место со идеална тропска клима која трае во текот на целата година. Секоја година привлекуваат голем број туристи кои уживаат во активниот одмор и го обожаваат сурфањето, планинарењето, јавањето или нуркањето.