Доколку сте љубител на мачки, овие фотографии дефинитивно ќе го освојат вашето срце! Ирис и Абис се две мачки, близначки коишто имаат хетерохромија, односно две различни очи. Хетерохромија е кога кај човекот или кај животните едното око е сино, а другото зелено или кафеаво или пак едното око има повеќе бои.
Легендата вели дека животните и луѓето кои имаат хетерохромија можат да гледаат и во светот на живите и во светот на мртвите. Не знаеме дали е тоа навистина така, но дефинитивно овие очи оставаат без здив.