Ова е главниот знак дека вие имате исполнета врска која ја очекува долга и среќна иднина
Паровите кои се во сериозна врска се навикнати да споделуваат речиси се. Додека голем дел од паровите немаат проблем со тоа да го делат својот животен простор, компјутерот, мобилниот уред, и најинтимните мисли, многумина се многу повоздржани.
Истражувањето објавено во магазинот “The Jurnal of Sex Research” покажало дека за квалитетот на врската многу зборува тоа дали разговарате комплетно искрено со вашиот партнер околу апсолутно секоја тема.
Истражувањето заклучило дека паровите кои на своите партнери ги откриваат најинтимните мисли се најсреќни во врските.
Во истражувањето учествувале парови кои биле во врска минимално две и пол години. Испитаниците морале да откријат колку добра комуникација имаат со партнерот, и за што се разговараат и дали се подготвени да разговараат за помалку пријатни теми.
Истражувачите заклучија дека паровите кои на партнерите им ги откриваат најинтимните мисли биле најсреќни во врската, најзадоволни со својот сексуален живот и сметале дека имаат силна поврзаност и стабилна врска. За некои потполната искреност во врската е задолжителна, но кај многумина кои се љубовни односи постојат ситни лаги кои некои дури ги сметаат и за пожелни како на пример бројот на претходни партнери или колку пари потрошиле во шопинг.