Категории

Најважното прашање ова лето: Дали млекото за сончање има рок на траење и колку е штетно ако тој истече?

Колку смее да се користи млекото за сончање и дали е безбедно да се потпреме на минатогодишното? Купувањето на ситници и козметика понекогаш може да чини речиси колку и самиот аранжман за одмор.

 

Знаете и сами, костимот за капење кој сте го купиле пред некоја година го отслужил своето, па млекото за сончање, млекото за поспе сончање, маска за коса, спреј за заштита на косата од сонцето… А од цените да ви се слоши!

Што е најлошо од се`, најскапата ставка обично е најважната – неговото височество, млекото за сончање со највисок фактор на заштита. Значи, неопходна работа за на одмор. И тогаш, секако, ви паѓа на ум дека некаде дома имате минатогодишно млеко, па си помислувате дека „би можело и тоа да се искористи“.

Дали е тоа паметно? Па, зависи. Повеќето козметички производи имаат некаде на пакувањето рок на траење, кој не е тука без причина. Тоа е првата работа која треба да ја проверите. Доколку нема рок на траење, сосема е сигурно дека ќе има некоја сликичка која ќе ви покаже колку долго по неговото отварање е безбедно за користење.

Ако го нема ни тоа, теоретски, млекото за сончање може да преживее две до три години. Но, само под услов да не е изложено на сонце и на високи температури. Што е сосема безначаен податок бидејќи млекото за сончање го носиме на плажа…

Што се случува кога млекото за сончање било изложено на сонце и висока температура додека сте вие на одмор? Накратко кажано, до следната сезона, формулата која ве штити од сонцето ќе се разгради и нема да ви овозможува веќе никаква заштита.

Кога ќе го земете тоа во предвид, јасно ви е дека попаметно ви е да купите поевтин костим за капење, бидејќи навистина не вреди да го ризикувате здравјето за да заштедите некој денар на млекото за сончање.

Штедете на други работи, а не на сопственото здравје.

Прегледи:
462
Објавено на:
29.06.2017