Категории

Највкусниот десерт: Рецепт за тирамису

Традиционалниот рецепт со кафе е еден од најдобрите слатки задоволства

Потребни состојки:
– 2 шолји врела вода
– 3 лажици свежо мелено кафе
– ½ шолја бел шеќер + 1 лажица бел шеќер
– 2 лажици амарето ликер
– 4 жолчки
– 450гр. маскарпоне сирење
– 1 шолја слатка павлака
– 1 пакување пишкоти
– Како во прав (по потреба)

Подготовка:
Помешајте ја врелата вода, кафето, една лажица бел шеќер и амарето ликерот во плитка чинија додека шеќерот не се растопи, потоа оставете ја смесата да излади.

Во одвоена чинија изматете ги жолчките и додадете го остатокот од белиот шеќер. Матете отприлика 5-8 минути, додадете го маскарпонето.

Во трета чинија изматете ја слатката павлака, па потоа измешајте ја со маскарпоне смесата.

Натопете ги пишкотите од двете страни во кафе. Подредете ги по цела должина на дно на тепсија. Маскарпоне смесата распоредете ја над нив по целата тепсија. Продолжете со редење додека не ја пополните целата тепсија. Последниот слој би требал да биде маскарпоне смеса.

Наросете со какао прав. Оставете во фрижидер отприлика шест часа.

Прегледи:
767
Објавено на:
11.02.2020