Категории

Најздравото овошје на светот – бобинката која го спасува животот

„Убива“ вируси, канцерогени ќелии, го успорува стареењето. Ја нарекуваат намирницата на иднината затоа што поседува исклучителна лековита моќ за човечкиот организам.

Аронијата ефикасно го прочистува човековиот организам од штетните и тешки метали и затоа е корисна и помага при малигни заболувања. Многу студии покажале дека аронијата има и антиканцерогено делување, затоа што во голем процес ги убива малигните ќелии на туморот на мозокот, плуќата, дојките, дебелото црево и црниот дроб.

Како исклучителен антиоксиданс, аронијата го спречува создавањето на слободни радикали и напад на здравите ќелии во крвната плазма, успорувајќи го процесот на стареење во организмот и спречувајќи развој на хронични болести. Потекнува од Северна Америка а од таму дошла и во Европа.

Северноамеричките домородци ја користеле како лек и храна. После експлозијата во Чернобиле, била користена за ублажување на последиците од радијацијата во што била повеќе од успешна, а за тоа примеена се користи и денес.

За што е корисна?
Таа е богата со антиоксиданси, флавоноидим, минерали, фолна киселина, витамини Б,Ц и Е. Поради високото количество на антиоксиданси и витамини Ц и Е, аронијата делува антивирусно, антибактериски и антивоспалително Таа е богата со антиоксидантен антоцијан кој го зајакнува имунитетот и го намалува ризикот од рак и го успорува стареењето.

Аронијата делува благотворно врз работата на желудникот. Ја стимулира работата на штитната жлезда, и особено се препорачува на лицата со хипотироидност. Аронијата го спречува настанувањето на кардиоваскуларни болести. Ова овошје го снижува високиот крвен притисок и холестерол и го поттикнува создавањето на добар холестерол.

Аронијата ја стимулира работата на црниот дроб, помага кај камен во жолчката и воспаление на жолчниот меур. Благотворно делува и врз варењето, ги смирува грчевите и болките во цревата, го намалува воспалението на слузокожата на цревата и спречува дијаера.

Таа е исто така ефикасен лек против дебелеење, тумор и радиоктивно зрачење.

1153433290

Прегледи:
538
Објавено на:
15.12.2019