Категории

Намалете ги симптомите на анксиозноста на овој начин!

Анксиозноста е се почеста меѓу популацијата. Брзото темпо на живот е еден од факторите за нејзина појава.

Анксиозноста ја следи непријатно чувство, страв, кој е целосно неоснован и понекогаш иако нема никаква причина за грижа, анксиозните луѓе се избезубени од страв.
Многу тешко е да се остане фокусиран на важните работи, па затоа често се јавува и нервоза.
Психологот Дебора Дејвс објаснува како може да се намалат симптомите при оваа состојба.

Одмор
Ако чувствувате дека мислите ви се преоптоварени со вознемирувачка средина, пронајдете некое комфорно и мирно место. Одалечете се на неколку минути од луѓето и одморете се.

Затворете ги очите
Кога ќе го најдете комфорното место, затворете ги очите и обидете се да се опуштите. На почетокот ќе ви биде тешко да се смирите и да ги синхронизирате телото и умот, но со вежбање тоа ќе станува се полесно.
Кога ќе ги затворите очите оттргнете се од светот и дадете си можност да се фокусирате на своите мисли.

Почувствувајте го своето тело
Додека седите или лежите со затворени очи, почувствувајте како вашето тело се придвижува со секое вдишување. На овој начин му помагате на телото да се чувствува подобро.

Фокусирајте се на дишењето
Длабокото вдишување ќе го намали нивото на стрес и ќе ви помогне да се чувствувате подобро. Со секое ново вдишување ќе почувствувате како лошите чувства ве напуштаат.

Ослободете ги вашите мисли
Ако сте преокупирани од проблеми, обидете се барем неколку минути да не размислувате за нив. Ослободете се од мислите и фокусирајте се на сегашноста и дишењето.

Трпение пред се
Понекогаш релаксацијата е изненадувачки тешка работа. Но, ако сакате да го зачувате вашето здравје и ум, практикувајте ја оваа техника секој ден, бидејќи колку почесто се обидувате да се релаксирате- толку поуспешно ќе го правите тоа.

Размислувајте позитивно
Секое однесување е предизвикано од она на што сме фокусирани. Значи, ако вашите мисли се убави и мирни, тоа исто така ќе влијае на однесувањето.

Прегледи:
964
Објавено на:
16.07.2019