Откријте што е корисно да се јаде во доцните ноќни часови, а што никако не смеете да консумирате.
Прво правило до кое би требало да се држиме доцна во ноќта кога ќе не опфати глад е да не јадеме премногу. Иако стручњаците тврдат дека доцните оброци пред одење во кревет не играат голема улога кога се во прашање вишокот килограми, храната може да ви го расипе сонот.
„Поради тоа ги советувам луѓето да не јадат три часа пред спиење и да избенуваат обилни оброци“- вели доктор Џозеф Мареј, лекар од клиниката Мајо.
Тој тврди дека се потребни 3 часа за просечната личност да ја преработи храната и да ја „испрати“ до цревата.
НЕ за чоколадо
Ако јадете чоколадни кекси или колачи, ќе внесите многу шеќер во организмот. Освен тоа што ќе влијае лошо врз вашиот сон, чоколадата може да соржи и висока доза на сокриен кофеин.
Дури и мала доза на чоколадо може да влијае на квалитетниот сон.
ДА за банани
Бананите во главно содржат јаглехидрати и се многу полесни за варење. Освен тоа се одличен извор на магнезиум кој помага во намалување на хормонот на стрес и го поттикнува телото во фазата на сон.
НЕ за мрсна храна
За да се преработи масната храна и е потребно многу време. Тоа е добра вест доколку сакате да го задржите чувството на ситост помеѓу два оброци, но не смеете да ја јадете пред спиење.
Значи, треба да избегнувате млеко, јогурт, авокадо, сладолед и путер. А најлошо од се е сирењето кое морате да го избегнувате доцна навечер.
ДА за цели житарици
Јаглехидратите час до два пред спиење можат да го поттикнат производството на серотонин, мелатонин и други корисни невротрансмитери за добар сон.
НЕ за кисели намирници
Еден од главните причини за несоница е јадењето на кисела храна навечер. Тука спаѓа и зачинетата и пржена храна, како и оброци базирани на сок од домат кои се кисели и треба да ги отстраните од листата на оние кои ги конзумирате пред спиење.
ДА за јајца
Јајцата се извор на протеини, и храна која вашиот желудник може лесно да ја преработи. Конзумирајте ги како кајгана е можеби подобар избор од варените јајца.